Барселона синоќа славеше на стадионот „Алијанц“ во Торино против Јувентус со резултат 2:0, а љубителите на фудбалот немаа можност да видат нов судир помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Португалецот е позитивен на коронавирусот и затоа ја пропушти пресметката со Барселона, но Каталонците не ја пропуштија можноста уште еднаш да посочат дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.
Меси синоќа постигна гол од белата точка за конечни 2:0, а по натпреварот неговиот клуб на Твитер напиша:
Среќни сме што имавте шанса да го видите најдоброто од сите времиња на вашиот терен.
Не требаше долго за Старата дама да одговори: “Веројатно сте погледнале во погрешен речник. Ќе ви го донесеме вистинскиот на Камп Ноу”.
We are glad you were able to see the 🐐 on your pitch, @juventusfcen! 😘 pic.twitter.com/yh74wh0lNJ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 28, 2020
Барселона има максимални шест бода од два натпревари по победата над Јувентус, додека Старата дама има три бода. Ференцварош и Динамо Киев ремизираа 2:2 и имаат по еден бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.