Тренер на Ливерпул, Јирген Клоп во пресрет на денешниот натпревар со Тотенхем зборуваше за лидерската позиција на ривалот во Премиер лигата.

– Не сум изненаден. Нивните резултати се многу импресивни, тие играат одлично оваа година. Мурињо ги претвори во машина за постигнување резултати, и тоа навистина е така. Тие победуваат дури и кога не се во најдобра форма. Има периоди кога се бранат со целиот тим, што е многу импресивно. Во нивниот тим се издвојуваат Кејн и Сон, но дури и да бидат неутрализирани, Тотенхем има уште многу други добри играчи, рече Клоп.

Средбата на двете водечки екипи во Премиер лигата се игра вечер со почеток во 21 часот на „Енфилд“ во Ливерпул

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.