Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, ги сподели своите очекувања за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи.

– Пред некое време реков дека ако продолжиме да играме како порано, ќе ни биде тешко да ја освоиме Лигата на шампионите. Досегашните наши изданија покажаа дека не се доволни да се освои елитната лига. Ако не реагираме и не направиме измени, нема да го победиме Наполи, изјави Меси за „Goal“.

Реваншот на „Камп Ноу“ е закажан за вечер со почеток во 21 часот. На првиот дуел во Италија, резултатот беше нерешен 1:1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.