Италијанската Серија А им забрани на прволигашките клубови да изберат зелена комбинација на нивните дресови за новата сезона.

Одлуката, како што пренесува денеска Би-Си-Си, подразбира забрана клубовите да промовираат дресови во зелена боја, а исклучок се екипите кои традиционално настапуваат во зелени дресови на домашен терен.

Раководството на италијанската Прва фудбалска лига ја донесе одлуката на барање на телевизиските компании со образложение дека контрастот на зелените дресови со теренот им предизвикува проблеми на гледачите при следење на натпреварите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.