Во „Куќа на фудбалот“ се оддржа извлекување за 1/8 финалните натпревари од Купот на Македонија.

Во оваа фаза од најмасовното натпреварување влегоа и екипите на Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум (ослободени во првото коло), а ждребката донесе неколку интересни пресметки:

1/8 финални парови во Купот на Македонија:

Академија Пандев – Вардар

Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса

Шкендија – Гостивар

Шкупи – Кит Го

Кожуф – Силекс

Струга Трим Љум – Работнички

Брегалница – Беласица

Ренова – Пелистер

1/8 финалните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а 1/4 финалните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.