Со ждрепка денеска беа одредени групите за новата сезона во Лида Европа. Белградски Партизан ќе игра во групата Л во фудбалската Лига Европа против Манчестер јунајтед, Астана и АЗ Алкмар. Првото коло е закажано на 19 септември, а деталниот распоред ќе биде познат во текот на денот.

Втората и третата рунда се планирани за 3 октомври, односно, 24 октомври, четвртото и петтото коло на 7 ноември, односно, 28 ноември, а групната фаза ќе финишира со средби на 12 декември.

Ждрепката за нокаут фазата ќе се одржи на 16 декември. Датуми за шеснаесетфиналето се 20 и 27 февруари догодина, осминафиналните пресметки ќе се одиграат на 12 и 19 март, четвртфиналните на 9 и 16 април додека полуфиналните на 30 април и на 7 мај.

Новиот победник во Лига Европа ќе биде познат на 27 мај на стадионот „Енерга“ во Гдањск.

За време на извлекувањето на групите за Лига Европа за претстојната сезона, беше прогласен и најдобриот фудбалер за минатата, а наградата му припадна на Еден Азар кој во летниот преоден рок го напушти Челси и ја прифати понудата на Реал Мадрид.

Групи Лига Европа – сезона 2019/20:

Група А: Севилја (Шпанија), АПОЕЛ (Кипар), Карабаг (Азербејџан), Дуделанж (Луксембург)

Група Б: Динамо Киев (Украина), Копенхаген (Данска), Малме (Шведска), Лугано (Швајцарија)

Група Ц: Базел (Швајцарија), Краснодар (Русија), Хетафе (Шпанија), Трабзонспор (Турција)

Група Д: Спортинг Лисабон (Португалија), ПСВ Ајндховен (Холандија), Розенборг (Норвешка), ЛАСК Линц (Австрија)

Група Е: Лацио (Италија), Селтик (Шкотска), Рен (Франција), Клуж (Романија)

Група Ф: Арсенал (Англија), Ајнтрахт Франкфурт (Германија), Стандард Лиеж (Белгија), Виторија Гимараеш (Португалија)

Група Г: Порто (Португалија), Јанг Бојс (Швајцарија), Феенорд (Холандија), Глазгов Ренџерс (Шкотска)

Група Х: ЦСКА Москва (Русија), Лудогорец (Бугарија), Еспањол (Шпанија), Ференцварош (Унгарија)

Група И: Волфсбург (Германија), Гент (Белгија), Сент Етјен (Франција), Олександрија (Украина)

Група Ј: Рома (Италија), Борусија Менхенгладбах (Германија), Истанбул Башакшехир (Турција), Волфсбергер (Австрија)

Група К: Бешикташ (Турција), Брага (Португалија), Вулверхемптон (Англија), Слован Братислава (Словачка)

Група Л: Манчестер јунајтед (Англија), Астана (Казахстан), Партизан (Србија), АЗ Алкмар (Холандија)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.