За новата сезона во Лигата на шампионите  двојките беа одбрани со денешната жрепка која се одржа во Монако.

Оваа сезона, 32 екипи во 8 групи ќе ги одмерат силите, а финалето ќе се одржи на 30 мај на стадионот „Кемал Ататурк“ во Истанбул.

група А: Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Клуб Бриж, Галатасарај.

група Б: Баерн Минхен, Toтенхем, Олимпијакос, Црвена ѕвезда.

група Ц: Манчестер сити, Шахтар Доњецк, Динамо Загреб, Аталанта.

група Д: Јувентус, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Локомотив Москва.

група Е: Ливерпул, Наполи, Салцбург, Генк.

група Ф: Барселона, Борусија Дортмунд, Интер, Славија Прага.

група Г: Зенит Санкт Петербург, Бенфика, Олимпик Лион, Лајпциг.

група Х: Челзи, Ајакс Амстердам, Валенсија, Лил.

Натпреварите од првото коло во 65-тото издание на Лигата на шампионите, се закажани за 17 и 18 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.