Монако синоќа загуби од Олимпик Марсеј (3-4) на домашен терен во натпревар од 5. коло на француското првенство и по пет кола остана без победа на претпоследното место на табелата. Поради слабите резултати веќе почнаа шпекулации за разрешување на тренерот Леонардо Жардим.

Раководството на Монако планира во октомври да разговара за судбината на тренерот.

Одлука за неговата иднина во клубот од Кнежеството ќе биде донесена кога ќе има пауза во првенството поради термините за репрезентативни настапи, пренесува Франс Фудбал.

За потсетување, Жардим се врати на функцијата главен тренер во тимот во јануари оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.