Менаџерот на европскиот и светски клупски шампион Ливерпул – Јирген Клоп, зборуваше за состојбата со фудбалот во Англија. Во моментов првенствата се прекинати и играчите на повеќето екипи тренираат индивидуално дома. Тимот од Мерсисајд не е исклучок, но Клоп признава дека одржува контакт и размислува за нив цело време.

– Освен кога спијам, размислувам за нив цело време. Всушност, веројатно и кога спијам, размислувам за овие момци. Не сакам да го сторам тоа, тоа едноставно се случува затоа што има толку многу информации што ги имаме. За мене, најважно е играчот да е во најдобра форма кога треба. Ние се обидуваме да го добиеме тоа преку правилна диета, тренинзи и тактики. Но, сега, секој е дома поради ситуацијата. Тоа е нормалниот живот, но тоа влијае на перформансите, рече германскиот стратег.

Клоп додаде дека не се преправал дека го интересираат неговите играчи, но всушност, затоа што треба да ги познава и да знае секој од нив на кој начин се мотивира. Тој, исто така, ја истакна комуникацијата како еден од најважните фактори

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.