На социјалните мрежи е објавено видео од последната прошетка на Диего Марадона, кој иако едвај се движеше, се сврте и го поздрави малото детенце од соседството.

Придружуван од четворица луѓе, од кој еден му носеше столче, Диего Марадона направил прошетка во маалото во кое живеел.

Легендата на аргентинскиот фудбал едвај се движеше, но и покрај тоа, се сврте, му мафна и му дофрли нешто на малото детенце кое со својата мајка излезе да го поздрави.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.