Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, ретко кога можеше да се види крај теренот без мастика во уста.

Досетлив Англичанец од неговата навика, но и популарност, решил да заработи, па стигнал до последната мастика која Фергусон ја џвакал како тренер на Јунајтед на мечот против ВБА (2013) и ја огласил за продажба на Ebay.

На крајот мастиката достигнала неверојатна цена од 390 илјади фунти, а продавачот се решил парите да ги донира во хуманитарни цели преку фондацијата Манчестер Јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.