Простувајќи се од Диего Армандо Марадона, тренерот на Олимпик Марсеј, Португалецот Андре Виљаш Боаш, упати предлог до Светската фудбалска федерација (ФИФА), како да му оддаде почит на еден од најголемите фудбалери во историјата.

Би сакал ФИФА да го повлече бројот 10 во сите натпреварувања и во сите екипи. Тоа би бил најдобриот начин да му се поклониме. Ова е голема загуба за фудбалскиот свет – порача Виљаш Боаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.