Португалската фудбалска федерација објави на својата официјална веб-страница дека дефанзивецот на Порто, Пепе, ќе ги пропушти претстојните квалификации за ЕУРО 2020 со Србија (7 септември) и Литванија (10 септември).

На играчот му е дијагностицирана повреда на коленото.

Во составот на репрезентацијата на Португалија, местото на 36-годишниот Пепе ќе го заземе 22-годишниот Феро од Бенфика.

За Феро, оваа покана за сениорската репрезентација е прва во неговата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.