Поранешното момче на Цеца, Владан Лукиќ во 1999 година ја покажа својата љубов кон татковината. Тој тогаш настапуваше за француски Мец но кога започна НАТО бомбардирањето на Србија реши да ја прекине кариерата и да замине во војска.

Кога оваа одлука му ја соопштил на претседателот на клубот тој не можел да поверува и мислел дека се шегува. Но, Владан го разубедил оти е сериознен во намерата.

Француските телевизии секојдневно доаѓаа на тренинзи и ме прашуваа дали ќе се вратам. Морав да дадам поддршка на својот народ бидејќи бевме воено инфериорни во однос на НАТО-се присетува Владан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.