ФК КУЛ продолжува со кадровското екипирање и засилување во стручниот тренерски кадар во тимот. Поранешниот македонски селектор на А-тимот на земјава, човекот кој беше тренер на голем број на македонски и странски прволигаши  Ѓоре Јовановски е нов член на КУЛ. Јовановски  ќе биде координатор на младите категории и неговото огромно фудбалско искуство ќе го пренесе на тимот.

Поранешниот селектор изјави.

ја прифатив со задоволстно понудата од КУЛ, бидејќи ова е биде сосема ново искуство за мене. Веднаш ги препознав амбициите на сопственикот Цветановски Рацо. Дефинитивни, тимот на Кул е фудбалска академија која има најдобри услови во Македонија. Со многу работа и многу цврста волја, убеден сум дека резултатите ќе дојдат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.