Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинтелство Битола поднесе кривични  пријави против З.Л.(67) од Битола, поранешен в.д. медицински директор на ЈЗУ Клиничка болница Битола, осомничен дека сторил две кривични дела по член 353 од КЗ на РСМ „Злоупотреба на службената положба и овластување“  и против лицето Ј.Ј.(63) од Битола.  управител на правно лице од Битола и против правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение дека второ и третопријавените презеле дејствија опишани кривичното дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и став 4 од КЗ на РСМ. 

Првопријавениот во својство на службено лице на 15 август 2018 година потпишал Спогодба за деловна техничка соработка со ФК Пелистер АД  Битола за давање  повратни парични средства, без претходна одлука на Управен орган, по што на сметката на ФК Пелистер биле префрлени средства во износ од 600.000 денари, оштетувајќи ја Клиничка болница Битола за наведениот износ.

Првопријавениот, исто така, на 7 април 2020 година одобрил исплата на парични средства кон правно лице спротивно на договорите за јавни набавки  во вкупен износ од 292.816 денари, со што ја надминал вкупната вредност на набавката спротивно на Договорот.
Второпријавениот како одговорно лице во правно лице, изготвил лажни фактури, со цел лажно прикажување состојба дека извршил угостителски услуги, ставил свој потпис и печат од правното лице чиј управител е и покрај фактот што знаел дека угостителските услуги се извршени од неколку  други субјекти во Битола

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.