Косовскиот милионер Беџет Пацоли сака да го купи гигантот Манчестер Јунајтед, јави „Косован Футбал“.

Беџети е поранешен претседател на Косово и еден од најбогатите Албанци во регионот.

Пацоли на своето конто има 350 милиони евра со што важи  најбогати политичар во Косово. Истовремено е еден од највлијателните луѓе во покраината.  Своето богатство го должи на градежната фирма „Мабетекс“, која реновирала многу владини згради во Италија, Германија, Саудиска Арабија, Русија, Кувајт, Турција, Аргентина, на Карибите, во Казахстан и во Кина. Пацоли е сопственик и на синџирот бензиски пумпи ОМВ (OMV).

Во изјавата доставена до Антикорупциската агенција  на Косово, Пацоли наведува дека бил сопственик на компанија со анонимни акции, чија вредност е 125 милиони евра, поседува недвижен имот од 200 милиони евра, вклучувајќи ја и анонимната компанија.

Тој е сопственик на хотелот „Грант“ во Приштина вреден  3,6 милиони евра, поседува акции во вредност од 100 милиони евра во повеќе компании како и 3,6 милиони евра готови пари во косовски банки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.