Натпреварот од 1. коло од групната фаза од Лигата на шампионите Пари Сен-Жермен – Манчестер јунајтед ќе се одржи без публика. Средбата е  закажана за вторник, 20 октомври.

Вчера францускиот претседател Емануел Макрон воведе полициски час во регионот Ил-де Франс во кој влегува и Париз. Се забранува излегување на улица од 21 до 6 часот, како и посета на стадионите.

Претходно, УЕФА дозволи присуство на одреден број гледачи на стадионите доколку согласност дадат локалните власти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.