Натреварот од Купот на Србија помеѓу Трепча од Митровица и Црвена Ѕвезда нема да се одигра откако косовските власти им забранија на српската делегација да влезе на територијата на Косово.

Фудбалерите на Ѕвезда уште вчера пристигнаа во Нови Пазар и чекаа дозвола од властите во Приштина. Откако не ја добија се упатија кон граничниот премин Јарине каде беа запрени од косовската полиција.

За натпреварот кој требаше да се одигра во Звечани владееше големо интересирање кај Србите на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.