Езџан Алиоски е тема на денот во англиската јавност. Македонскиот репрезентативец одигра речиси совршен натпревар за Лидс против Арсенал и успеа да изнуди црвен картон за Никола Пепе.

Неговиот клуб, откри дека Алиоски добивал заканувачки пораки на социјалните мрежи, поради што ја алармирале полицијата. Навредливи пораки добивал и фудбалерот на Арсенал, Пепе.

Клубот нема да толерира вакви закани кои на социјалните мрежи им се упатени на Алиоски и Пепе, по вчерашниот натпревар. Ќе работиме со полицијата и фудбалските власти за да ги идентификуваме и казниме виновниците, соопшти Лидс во клупското соопштение.

Лидс и Арсенал ги поделија бодовите ремизирајќи без голови 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.