Шкендија синоќа несреќно на пенали беше поразена од АИК во квалификациите од Лигата на Конференции. Штета за момците на Артим Шакири кои беа можеби подобри од гостите од Стохолм.

Тетовскиот клуб на „Градски“ ја имаше поддршката од раководството на ДУИ на чело со министерот за економија Крешник Бектеши , професорот Абдулменаф Беџети и министерот за финансии Фатмир Бесими. Тука беше и градоначалникот на Тетово Билал Касами.

Меѓу нив беше и бизнисменот Лазим Дестани, кој е сопственик на Шкендија и чија фабрика ќе произведува електрични возила во Тетово. За оваа инвестиција владата ќе даде 130 милиони евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.