Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, верува дека неговиот тим има сили да ја надокнади негативата од првиот натпревар и да го елиминира Ајакс од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Тотенхем загуби дома со 0-1 во првиот натпревар пред една недела, но Покетино ги советува своите играчи да не мислат на негативата, туку да уживаат во моментот и можноста да играат во полуфиналето на најпрестижното фудбалско натпреварување.

Ајакс одигра исклучително добри први 30 минути во Лондон. Тоа е талентиран тим со силни играчи и многу добар тренер. Целосно го заслужија пласманот во оваа фаза на турнирот. Негативниот резултат од првиот натпревар влијаеше и нашата задача е доста комплицирана, но уште ништо не е решено. Знаеме дека треба да победиме и ќе се обидеме да покажеме најдобар фудбал. Нема што да загубиме и се надевам дека момчињата ќе уживаат во моментот. Не очекува спектакуларен натпревар, прокоментира денеска Почетино.

Аргентинецот додаде дека никој не очекувал од нив да стигнат до оваа фаза од турнирот.

Пред пет години целта беше да се избрише разликата со топ 4 тимовите во Англија. Потоа – да се пласираме во Лигата на Шампионите, а потоа да ја надминеме групната фаза. А еве сега играме полуфинале, рече Почетино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.