Вчеравечер Манчестер Јунајтед ремизираше со Волфс (1-1), а трагичар на средбата беше Пол Погба, кој не погоди пенал во 68. минута. Поради пропуштената шанса за Французинот, навивачите на Јунајтед му се нафрлија на Погба нарекувајќи го „црнчиште” и со други тешки навреди.

Веднаш се огласи и клубот со официјално соопштение во кое се наведува дека имаат „нулта толеранција за каков било облик на расизам и дека ќе преземат мерки против оние кои ги навредуваат нивните играчи“.

Исто така се огласија и фудбалерите на Манчестер Јунајтед во жестока одбрана на Погба. Тие ги нарекоа „патетични тролови” сите оние кои на социјалните мрежи упатиле навредлива порака до нивниот соиграч.

Ако нападнавте еден, не нападнавте сите нас. Ние сме големо семејство, се наведува во соопштението на играчите на Јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.