Последниот преживеан член на германската фудбалска репрезентација, која во 1954 година ја освои титулата светски првак, Хорст Екел, починал во петокот на 89-годишна возраст, објави Германската фудбалска федерација.

Поранешниот фудбалер на Кајзерслаутерн беше најмладиот во германската селекција која во финалето на Мундијалот во Швајцарија го совлада фаворитот за титулата Унгарија со 3-2.

Екел минатата недела влезе во Куќата на славни во Музејот на фудбалот во Дортмунд заедно со великаните на германскиот фудбал Франц Бекенбауер, Герд Милер, Сеп Маер и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.