Почина легендарниот фудбалски голман Драган Пантелиќ (69).

Легендарниот репрезентативец на екс СФРЈ почина во болница во Ниш како последица од коронавирусот. Пантелиќ важеше за еден од најдобрите голмани на овие простори и со Југославија настапи на СП во Шпанија во 1982 година.

Пред два дена медиумите објавија дека неговата состојба се влошила. За жал, Пантелиќ не успеа да ја добие најважната битка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.