Од инфаркт почина легендарниот фудбалер на Тотенхем и актуелен менаџер на Лејтон Ориент, Џастин Единбург на 49 години.

Роден во 1969-та година поранешниот фудбалер на „петлите“ бил однесен во болница два дена откако присуствувал на финалето во Лигата на Шампионите помеѓу неговиот поранешен клуб Тотенхем и Ливерпул.

Тој ја започна фудбалската кариера во Саутенд, освојувајќи промоција во четвртото ниво, по што следува трансфер во Тотенхем во 1990 година. Тој забележува 215 натпревари за клубот од Северен Лондон и е дел од триумфот во ФА Купот и Лига Купот во 1991-та и 1999- та година.

Лејтон Ориент го назначи менаџерот во ноември 2017 година, а оттогаш тој освои 45 од 82 натпревари, откако освои промоција за Националната лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.