Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, денеска починал во својот дом во градот Тигре на 60-годишна возраст. Веста била потврдена за ЕСПН. 

Како што известуваат светските медиуми, Марадона се опоравувал од операцијата за субдурално церебрално крварење и пред две недели бил отпуштен од болница, денеска починал по срцев удар.

Според докторот што го лекувал, иако операцијата била успешна, за време на престојот во болницата поранешниот фудбалер имал проблеми со воздржаност од алкохол. Првично бил примен на клиниката со симптоми на депресија, анемија и дехидратација.

Диего Армандо Марадона, роден 30 октомври 1960 во Вила Фиорито, Буенос Аирес, светски првак од Мексико 1986 и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.