Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, се соочува со најкритичниот период до својата досегашна тренерска кариера.

Според пишувањето на „Газета дело Спорт“, управата на клубот му дала ултиматум на Пирло дека мора да слави во наредните два натпревари против Торино и Наполи, а во спротивно ќе добие отказ.

Натпреварот против Торино ќе се одигра на 4 април, додека одложениот натпревар против Наполи е закажан за една недела подоцна.

Во моментов, на 11 кола до крајот на сезоната во Серија А, Јувентус заостанува 10 бода зад лидерот Интер и е многу извесно дека „старата дама“ ќе ја загуби титулата.

Според „Газета“, доколку Пирло добие отказ, екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи актуелниот помошник тренер, Игор Тудор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.