Игор Ангеловски славеше со фудбалерите кои ја забележаа голема победа во Тбилиси, но на прес-конференцијата не ги заборави ниту оние кои не можеа да настапат за Македонија денеска, во прв план Енис Барди. Барди, играчот на шпански Леванте, поради повреда го пропуши натпреварот со Грузија во Тбилиси.

„Покрај овие момци што се овде крај мене, има и едно момче што лежи во кревет, Енис Барди. Има и момци кои беа позитивни како Крсте, Кире, Дамјан и останатите кои имаат придонес за успехот што го постигнавме. И тие се заслужни за овој резултат и им благодарам за се што направија“, изјави Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.