Триесет и седумгодишната Франческа, помладата сестра на тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, по неколкумесечна хоспитализација, денеска почина во болницата во италијанскиот град Варезе.

Клубот во кој игра и Елиф Елмас изрази сочувство до својот тренер и ја сподели тагата за прерано починатата Франческа, која долги 14 години работеше како секретарка во Милан, каде и самиот Гатузо играше.

Гатузо за тешката и ретка болест на сестра му и итната операција дозна на 3 февруари, дента кога Наполи играше со Сампдорија, па затоа и по мечот не се појави на прес-конференција, туку веднаш замина да ја посети, а веста за нејзината смрт ја дозна утрово, на теренот за тренинг во Кастел Волтурно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.