Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович најверојатно уште за време на репрезентативната пауза ќе му врачи отказ на тренерот Маурицио Сари, пренесуваат англиските медиуми.

Вчера „сините“ беа поразени од Евертон со 2-0 со што додатно ги намалија шансите за пласман во топ 4 и обезбедување место за пласман о Лигата на шампионите. Челзи во моментов е на само три бода од четвртото место, но формата и играта на тимот е загрижувачка.

Челси победи на само два од последните пет меча во првенството, па единствената шанса за трофеј оваа сезона е Лига Европа, каде конкуренцијата исто така не е слаба. Фановите веќе се против Италијанецот, а тој сам неколку пати оваа сезона призна дека има потешкотии да ги мотивира своите играчи.

Абрамович е познат по тоа дека нема многу трпение со тренерите и решен е да му врачи отказ на Сари. Новиот тренер кој ќе биде назначен како замена на Сари сиурно ќе сака да го засили тимот, но дополнителен проблем е трансфер банот на Челзи кој додатно ги усложнува работите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.