Голем обожавател на починатиот славен аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој пред 10 години на своите ќерки-близначки им ги дал имињата Мара и Дона, сега има и син, кој го добил името Диего.

Валтер Ротундо (39) вели дека неговата сопруга закажала царски рез за да се породи на првата годишнина од смртта на фудбалскиот гигант.

Сè мина според планираното – изјави Ротундо за медиумите.

Ротундо вели дека никогаш не го запознал Марадона, но неговиот херој знаел дека обожавателот ги именувал своите ќерки по него.

Овој ден, кога толку многу луѓе се тажни поради Диего, тажен сум и јас… Но, се чувствувам малку подобро поради раѓањето на мојот син. Сега, во иднина, овој ден пак ќе биде годишнина од смртта на Диего, но ќе биде и роденден на мојот син – вели Ротундо.

Тој раскажува дека кога се родиле Мара и Дона пред 10 години, Марадона добил слика со девојчињата. Марадона одговорил со фотографија на којашто тој ја држи фотографијата. Ротондо бил толку трогнат од потегот, што добиената фотографија од Марадона ја истетовирал на својот грб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.