Интер го освои италијанскиот шампионат во сезоната 2020/21 на четири кола пред крајот на сезоната. Клубот од Милано ја освои титулата во Серија А по 19. пат во историјата.

По денешните 1:1 со Сасуоло, Аталанта заостанува зад неро-аѕурите недостижни 13 бода.

Последен пат Интер стана шампион на Италија во сезоната 2009/10. Тренерот Антонио Конте ја освои Серија А по четврти пат, пред тоа тој трипати победи со Јувентус.

По девет последователни сезони, Јувентус е симнат од тронот во италијанскиот фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.