Карикатуристот Марсел, познат по своите цртежи во кои ги претставува актуелните случувања во фудбалскиот свет, своето последно дело му го посвети на можното заминување на Лионел Меси од Барселона.

Иако медиумите објавуваат дека Аргентинецот цврсто е решен да го напушти клубот, последната одлука на шпанската лига дека за такво нешто Меси ќе мора да ја плати откупната клаузула од 700 милиони евра, отвора нови пречки во судирот меѓу Меси и Барселона.

А, токму тој момент му служи на Марсел за инспирација и тој во својот цртеж му нуди на Меси опција „Б“, доколку не добие дозвола од Б арселона да си замине.

На карикатурата може да се забележи Меси како добива часови по голф од ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Со овој цртеж, карикатуристот прави паралела меѓу сегашниот статус на Меси со тој на Велшанецот во Реал Мадрид, кој е најскапиот фудбалер на „кралевите“, но повеќе време минува на тереите за голф, отколку на фудбалскиот терен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.