Кристијано Роналдо е сигурен дека е автор на првиот гол синоќа против Уругвај.

Репрезентацијата на Португалија во 54. минута го отвори резултатот на натпреварот против Уругвај. Најпрвин голот му беше запишан на Роналдо, но подоцна ФИФА процени дека дека 37-годишниот играч не ја допрел топката со глава. Затоа, голот отиде на контото на играчот од средниот ред Бруно Фернандеш.

Роналдо по последниот судиски свиреж бил сигурен дека го постигнал овој гол. Зборовите на напаѓачот за ова влегоа во преносот. Тој рече: „Имаше допир. Топката ме допре!“

Како што стана познато претходно, Португалија ќе испрати доказ до ФИФА дека автор на овој гол е Роналдо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.