Италијанската легенда, Андреа Пирло му честиташе на Баерн Минхен за одлуката да го ангажира офанзивниот играч за врска на Барселона, Филипе Кутињо.

На Баерн му беше потребен токму тој вид на фудбалер како Кутињо. Особено по заминувањето на Франк Рибери и пензионирањето на Ариен Робен. Ги гледав натпреварите на Филипе во дресот на Баерн, тој се вклопи во тим кој е прилично силен. Но, со Кутињо, тимот стана уште посилен. Не можам да кажам кој е нивниот најдобар играч затоа што имаат навистина многу такви. Но, сепак ќе се фокусирам на Филипе Кутињо и Роберт Левандовски, изјави Пирло.

Тимот од Минхен има опција да го откупи договорот на Кутињо на крајот на сезоната за 120 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.