Капитенот на Барселона, Жерард Пике го оцени како срамен поразот од Баерн со 8:2 во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Кошмарна игра, ужасно чувство, срам – тоа е вистинскиот збор. Не можете да играте така на европските натпреварувања и ова не е прв, втор или трет пат што ни се случува. За нас е многу тешко и се надевам дека може да научиме корисна лекција од ова – изјави Пике.

Тој побара брзи промени.

Потребна е реакција, потребни се промени. Сега не зборувам за тренерот или играчите, не сакам да му укажувам на никој, но структурни промени се потребни насекаде, затоа што ова не е прв пат тоа да се случи. Нема недопирливи, јас сум подготвен да заминам ако е потребна нова крв и друга динамика. Јас сум првиот што е подготвен да замине затоа што го достигнавме дното, додаде Пике.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.