Полуфиналето на Европското првенство во кое Англија ја совлада Данска со 2:1 со контроверзниот пенал врз Рахим Стерлинг, ја разбранува фудбалската јавност.

Заклучот на мнозинството фудбалски експерти е дека немало прекршок за најстрога казна, а дополнителен проблем е тоа што во додека траеше акцијата што заврши со пеналот, на теренот имаше две топки.

Дополнителен проблем е тоа што пеналот што го изведе Хари Кејн требаше да биде повторен затоа што за време на изведувањето на ударот од 11 метри, навивач на „Вембли“ насочи ласер во лицето на данскиот голман Каспер Шмајхел.

Голманот и покрај тоа што беше попречуван, успеа да го одбрани пеналот на Кејн, но за негова несреќа, топката се одби кон капитенот на Англија кој реализира од вториот обид.

Англија победи со 2:1 и се пласира во финалето каде ќе се сретне со Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.