Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Едсон Арантес до Насименто – Пеле (81), повторно е хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

Од болницата соопштија дека трикратниот светски првак е хоспитализиран поради лекување на тумор на дебелото црево, додавајќи дека Пеле е во стабилна состојба и треба да биде пуштен дома во следните неколку денови.

Пеле кон средината на септември беше опериран од тумор на дебелото црево, а потоа беше подложен на хемотерапија.

Бразилската фудбалска легенда минатиот месец преку Твитер порача дека се чувствува добро.

Пеле е единствениот фудбалер во историјата, кој освоил три титули светски првак (1958, 1962 и 1970), а популарниот „O Реи“ (Крал) во кариерата постигна повеќе од 1.000 голови пред да ги закачи копачките на ѕид во 1977 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.