Вистински пекол доживеале судиите Никола Иванов, Петар Новачев и Роберт Црвенов од Велес кои биле делегирани да го судат мечот во втората македонска фудбалска лига против Воска и Гостивар, кој домаќините, охридскиот тим го изгубија со 0:1.

Имено, претставници од тимот на Воска на полувремето физички ги нападнале судиите, кои за чудо се решиле да истрчаат на теренот и и да продолжат да го судат и второто полувреме. Но 10 минути по стартот на полувремето Воска прими гол и погилем дел од играчите а пред се претставниците на клубот почнаа со пеколен притисок врз судиите. Се приговараше на секоја судиска одлука што резултираше со напнат меч во кој Николов само во вториот дел мораше да покаже 2 жолти картони за приговори на фудбалерите на Воска и еден црвен за неспортски фаул.

Гостивар заслужено победи, но за судиите почна вистинскиот пекол. Домашните предводени од висок политички функционер на една албанска политичка партика речи си половина час практично ги држеле судиите како заложници и не им даавле да си одат дома. Дека имало проблеми потврдува и официјалниот записник во кој главниот судија напишал забелешка дека ќе даде дополнителна изјава во ФФМ за организацијата на овој меч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.