Членот на шампионската генерација на Црвена ѕвезда која го освои Купот на европските шампиони 1991 година, Синиша Михајловиќ, обелодени дека победничкиот пехар што е изложен на белградскиот стадион „Маракана“ е реплика на оригиналот од Бари.

Пехарот што го донесовме (во Белград) беше насекаде. Јас го носев во Борово, а Југовиќ го носеше во својот крај. Стоеше кај Биниќ во гепекот на автомобилот. Кога одевме во некој локал, тој ќе го ставеше пехарот на масата и потоа се пиеше. Панчев ќе дојдеше и ќе речеше: Дај ми го пехарот треба да го носам на свадба и Биниќ му го даваше да го носи на свадба во Македонија. Тој пехар беше целиот уништен и мораа да направат нов. Оној од „Маракана“ не е оригиналниот, да знаете, направен е повторно оти оригиналниот беше искршен, изјави актуелниот тренер на италијанскиот прволигаш Болоња за Јутјуб каналот на Црвена ѕвезда.

Белградска Црвена ѕвезда стана европски шампион со победата над Олимпик Марсеј во Бари со решавачкиот гол во пенал серијата на Дарко Панчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.