Папата Франциск денеска го поздрави одржувањето на Светското првенство во фудбал и се помоли Мундијалот во Катар да биде можност за хармонија и мир во светот.

Овој важен настан нека биде повод за средба и хармонија на народите, во корист на братството и мирот меѓу народите. Да се ​​молиме за мир во светот и крај на сите конфликти, истакна папата Франциск во своето неделно обраќање до верниците во Ватикан.

Папата Франциск е долгогодишен љубител на фудбалот и го истакнува спортот како начин за промовирање на солидарноста и братството.

Тој е роден во Аргентина и навива за клубот Сан Лоренцо од Буенос Аирес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.