Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев на крајот на зимскиот преоден рок ја напушти Џенова и се пресели во Парма, која се натпреварува во Серија Б, а сега даде интервју за клупскиот сајт.

Пандев вели дека неговата намера е да ѝ помогне на Парма во борбата за враќање на местото на кое што припаѓа, а тоа е Серија А.

„Прекрасно чувство. Мило ми е што сум тука. Ова е одличен и важен тим во италијанскиот фудбал. Се надевам дека ќе ја вратам Парма каде што заслужува да биде. Парма има богата историја, многу шампиони играа за овој клуб. Од секогаш ми се допаѓаше тимот, дури и кога играв против нив“, вели Пандев.

Македонскиот фудбалер бил пријатно пречекан и од новите соиграчи во Парма, каде што владее убава атмосфера, како што открива Пандев.

„Искрено, изненаден сум од моите соиграчи. Има прекрасна атмосфера во тимот. Ова се одлични луѓе, тие се подготвени да направат сè. Тренираме и поминавме многу време на теренот. Го следиме нашиот тренер и се надеваме дека ќе се вратиме на победнички патеки“, кажа македонскиот фудбалер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.