„Пресреќен сум за дечките. Тие го заслужуваат тоа. Добро го познавам нивниот квалитет и знам дека нема да застанат тука овие јунаци. Фудбалерите ќе не радуваат уште многу“, вели поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, во изјава за Фокус.

Тој порачува дека верува во овие фудбалери, со кои претходно настапуваше на Европското првенство.

Македонската фудбалска репрезентација во важниот меч против Исланд триумфираше со 3-1 и заслужено се пласираше во бараж натпреварите за пласман на СП во Катар 2022.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.