Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев објави крај на својата репрезентативна кариера после мечот со Холандија утре попладне од 18 часот во Амстердам, како круна на неговата кариера на крајот од дебитантскиот настап на Еуро 2020 со Македонија.

Пандев го даде деби голот за Македонија на Еуро 2020, наш фудбалер е со најмногу настапи и најмногу голови, по што дојде денот за конечна одлука, нешто што веќе подолго време се најавуваше дека капитенот ќе оди во пензија.

Ова е мој последен меч за Македонија. Мислам и јас и моите колеги, на чело со селекторот Ангеловски направивме нешто што не знам дали некој ќе го направи. Мислам дека сега после ова Европско првенство е вистински момент да се повлечам. Сакам да им посакам на моите соиграчи пласман на СП. Може да ни донесат многу радости на цела Македонија, зашто се работи за квалитетни играчи, кои играат во големи тимови и заслужуваат да играат на едно СП“, рече Пандев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.