Пандев и Матераци беа дел од тимот на Интер кога во 2010 година под водство на Жозе Мурињо ја освоија тројната круна, вклучително и Лигата на шампионите.

По повод синоќеншиот реванш полуфинален натпревар помеѓу Интер и Милан, нашиот Пандев беше гостин на натпреварот, а претходно зборуваше за Sky Sport, како и Матераци.

„Марко Матераци многу ми помогна, тој ми беше како татко во Интер, беше фундаментален за мене. Веднаш штом пристигнав ми подаде голема рака. Но, претходно кога игравме еден против друг ми тепаше“, рече Пандев, опишувајќи ги двете лица на поранешниот централен бек кој важеше за еден од најсуровите во своето време.

Пред да дојде во Интер, Пандев играше за Лацио, во чиј дрес се соочуваше со Матераци кога со Лацио играше против Интер.

Видеото со оваа изјава на Пандев и тој и Матераци ја споделуваа на стори на Instagram.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.