Заради извонредните врвни спортски резултати и 20 годишна меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за олимписки великан на МОК!

Најдобрите македонски фудбалери изгинаа на теренот, го одиграа најдобриот натпревар во овие квалификации, токму кога беше најпотребно! Сите со срце поголемо од најголемата планина, мудро, умно и со големо знаење и неверојатна смиреност, одлучност, сигурност и самодовербасе изборија за свое место во историјата на македонскиот спорт! Честитки момци, само гордо напред и со победа да го започнеме Европското првенство! Најдобри сте!!!“, истакна претседателот на МОК, Даниел Димевски по повод историскиот спортски резултат на најдобрите македонски фудбалери.

Членувањето во Клубот на великаните на МОК претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја. Строгите критериуми кои не се однесуваат само на резултатите во спортската кариера, досега ги имаат исполнето: Владимир Богоевски (1998), Атина Бојаџи (1998), Благое Видиниќ (2000), Стојна Вангеловска (2004), Благоја Георгиевски (1997), Ристо Дарлев (1998), Димитар Илиевски-постхумно (1998), Нада Ицева (1998), Бранимир Јовановски (2002), Трајан Јовковски (2000), Ванчо Каранфилов (2004), Лазар Лечиќ (2001), Славко Матовски (2005), Насе Насев (1997), Дарко Панчев (2005), Реџеп Реџеповски (2003), Аце Русевски (1999), Шабан Сејдиу (1999), Војче Синадиновски-постхумно (2002), Миле Спасовски (2001), Александар Тасевски (1998) и Зоран Шоров (2003).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.