Селекторот на македонска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги објави стартните 11 играчи на кои ќе смета за вечерашниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2020 против селекцијата на Летониа на „Даугава“ стадионот во Рига (20.45 часот).

Во однос на дуелот со Израелците, овојпат еден од најискусните репрезентативци Горан Пандев ќе биде стартер, а шанса од првата минута ќе добие и голгетерот на кипарскиот клуб, АЕК Ларнака, Иван Тричковски.

На голманската позиција е Столе Димитриевски, следуваат Бејтулаи, Велковски, Муслиу, Алиоски, Адеми, Барди, па во делот на нападот е Тричковски, а веднаш зад него Трајковски, Елмас и Пандев.

На резервната клупа се Илиев, Шишковски, Зајков, Ристевски, Радески, Стојановски, Дориев, Николов, Маркоски, Велкоски, Спировски и Несторовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.