Македонската фудбалска репрезентација заедно со стручниот штаб донираа 30.000 евра за Фондот за здравство во битката со коронавирусот во знак на благодарност до сите, посебно здравствените работници, објави „Спортмедиа“.

Оваа иницијатива е од пред неколку дена, фудбалерите чекаат да добијат жиро сметка на која ќе можат да ги уплатат собраните финасиски средства. Капитенот Горан Пандев ќе издвои 10.000 евра, додека останата сума доаѓа од сите оние кои се дел од најдобриот национален тим.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.