Kапитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, го израмни рекордот во Серија А според бројот на натпревари на кои некој фудбалер влегол во игра од клупата за резервни фудбалери.

Пандев, попладнево влезе во игра во 71 минута во триумфот на Џенова на гостински терен над Кротоне до 3:0, во рамки на 20 коло во италијанското првенство.

Како што објави „Опта Паоло“, италијанската статистичката платформа, за Пандев тоа е 154 одигран натпревар во Серија А што не го почнал од стартот, со што го израмни рекордот на поранешниот легендарен напаѓач на Киево, Серџо Пелисие.

Своите 154 настапи од клупата за резервни фудбалери 37-годишниот Пандев ги запиша како член на екипите на Интер, Лацио, Наполи и Џенова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.